58. Детски Рацинови средби

По повод 58. Детски Рацинови средби, на 12.11.2025 година, во ОOУ „Блаже Конески“ се одржа книжевна работилница со роднокрајни автори под наслов: „Творечка лабораторија Времеплов – Средба со Рацин во сокачето на поезијата“.

Во работилницата активно учество зедоа нашите талентирани ученици од VIII одделение: Бојан Мартинов, Даниел Чолаков, Ива Стојанова, Петар Ѓорѓиев, Теодора Дончевска и Теодор Коцев.

Одговорен наставник: Габриела Т. Шестакова