„58 Рацинови средби“

Во состав на програмските активности на „58 Рацинови средби“ на 13.11.2025, дванаесет ученици од ООУ„Панко Брашнаров“ со својот ментор наставникот по ликовно образование Васил Гаврилов, ја посетија Грнчарската работлиница „ТОЛУ“-Велес, каде со инструкции од мајсторот Пане Недев, ја учеа техниката на изработка на грнчарски производи од глина. Учениците со интерес и задоволство активно учествуваа во работилницата, при што успешно направија грнчарски садови и како награда, добија подарок. Во работилницата учествуваа учениците:

Билјана Костадинов, VI/A; Симона Иванова VII/В; Дарио Митевски VII/B; Ajсел Сулејманова VII/В; Шазивер Вејселов VIII/A; Јована Димова VIII/Б; Лука Митевски VIII/Б; Хабдул Бајрамов VIII/Г; Мерјем Дестанова IX/Б; Кристина Стојанова IX/Б; Тарк Рустемов IX/B; и Томислав Стефаноски од IX/Г одделение.