Меморандум за соработка за проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“

Претставници од нашето училиште денес го посетија ООУ „Исмаил Кемали“ – Гостивар, каде што беше потпишан Меморандум за соработка за проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“. Со оваа активност продолжуваме да градиме пријателства, почит и заедништво, создавајќи здрава, безбедна и поттикнувачка средина за сите ученици.