Национален семинар во рамките на проектот “MOMENTUM – empowering postpartum wellness”

Во организација на Федерацијата на спортските педагози на Македонија, денес во нашето училиште се одржа национален семинар во рамките на проектот “MOMENTUM – empowering postpartum wellness”. Во улога на предавач д-р Гордана Митева ги објасни причините за постпородилната депресија како и начините и техниките за надминување на депресивната состојба. Во вториот дел од семинарот доц. д-р Билјана Попеска од факултетот за образовни науки при универзитетот “Гоце Делчев” – Штип ги објасни улогите на наставниците во тандем наставата и можностите за севкупен холистички пристап. Благодарност до сите учесници за активното учество и позитивната енергија.

ЛИНК ДО ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ