На 20.11.2025 година, по повод Меѓународниот ден на детето, учествувавме на еднодневната работилница „Детски парламент“, што се одржа во Собранието на Република Северна Македонија. Имавме чест нашите ученички да го претставуваат градот со достоинство, самоувереност и одлична подготовка.
Наши претставнички беа:
• Вања Масевска и Ангела Најдовска од ООУ „Панко Брашнаров“
• Мила Стаиќ и Анна Наумовска од ООУ „Блаже Конески“
Под водство на менторката Весна Баркова и асистент Звезданка Пешиќ, учениците го презентираа својот проект на тема „Секој ден е нова можност – создај ја својата иднина“.
Ученичките покажаа зрелост, храброст и извонредни говорнички способности, можеби идни пратенички или министерки. Дораснати на задачата, тие одржаа одлична презентација и дебата, со што ни овозможија да се гордееме и како нивни наставници, и како училишта, и како град.
