Во нашето училиште денес се одржа исклучително корисна и инспиративна обука под менторство на обучувач Зорица Милкова eTwinning амбасадор, посветена на унапредување на наставниот процес преку eTwinning платформата и современите дигитални алатки.
Наставниците имаа можност да се запознаат со конкретни начини како да ја збогатат наставата, да развијат проектна соработка со училишта од Европа и да ја поттикнат креативноста и дигиталната писменост кај учениците.
Преку практични примери, активности и демонстрации беа претставени алатки како Padlet, Canva, Puzzle, Pick-Collage, ChatterPix, WordArt и eBook – алатки кои овозможуваат иновативен пристап, интеракција и современа методологија во наставата.
Искрена благодарност до колешката Зорица за професионалноста, мотивацијата и несебичната поддршката. Оваа обука е значаен чекор кон подигнување на квалитетот на наставата и поттикнување на наставниците да создаваат уште поуспешни проекти во рамки на eTwinning.
Горди сме на континуираниот професионален развој на нашиот наставен кадар и на можноста да им обезбедиме современи и корисни обуки.
