Одделенските наставнички Мимоза Јованова и Лорета Стојановска беа дел од првата успешно завршена работилница од проектот „Играј и расти“! 21 одделенски наставник и 4 ментори поминаа три дена на обуката „Теорија на умствен склоп (mindset) и дигитална гејмификација на учењето“! Атмосферата беше разиграна, но исклучително продуктивна! Учесниците се стекнаа со знаења за умствениот склоп и неговата имплементација во училишниот контекст , основи на игровен дизајн и дигитална гејмификација и вештини за креирање на дигитални едукативни игровни активности за поттикнување на развоен умствен склоп Проектот „Играј и расти: Развивање на развоен умствен склоп кај учениците преку дигитална гејмификација“ го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) со поддршка на Детската фондација Песталоци.
