Денес во нашето училиште се одржа едукативно предавање за учениците од предметна настава од страна на претставници на Министерството за внатрешни работи, посветено на темата „Насилство и сајбер насилство“.
Учениците имаа можност да се запознаат со различните облици на насилство, последиците што тие ги предизвикуваат, како и со начини за превенција и заштита. Посебен акцент беше ставен на одговорното користење на интернетот и социјалните мрежи, како и на важноста од пријавување на секој вид насилно однесување.
Им благодариме на претставниците на МВР за соработката и корисните совети кои придонесуваат за побезбедно и подобро училишно опкружување
