Во организација на ЛУ Народен музеј – Велес, беше одржана едукативно-креативна работилница со наслов:
„Звуците на глината во прегратките на куќата“ како дел од Европските денови на Македонското културно наследство.
Настанот беше организиран и реализиран во познатата стара велешка куќа на великанот Коста Солев Рацин.
Оваа едукативно творечка работилница се состоеше од два дела:
Првиот дел содржеше презентација за археологијата во Македонија а посебно беше истакната Велешката област;
За вториот дел беше карактеристична интерактивната работилница со изработка на садови од глиномол и реставрација на керамички садови;
Во работилницата учествуваа ученици од сите основни училишта во градот, кои имаа можност да научат како се негува и заштитува нашата традиција и култура;
На оваа работилница активно учество земаа учениците од ООУ„Панко Брашнаров“ Велес , под менторство на наставникот по ликовно образование Васил Гаврилов.
Голема благодарност до организаторот на овој убав културен настан и секако, пофалба за учеството на младите и талентирани ученици од VIII Б, VII Б и Г.
Димитриевска Михаела и Јана Митковска VII/Г
Бојана Иванова VII/Б
Димова Јована VIII/Б



