Ученици од 9 одд. од ООУ “Панко Брашнаров”- Велес, учествуваа во еко акцијата организирана по повод Европската недела на мобилност од страна на Младински центар Велес во соработка со Општина Велес како и Јуроп Хаус. Опфатен беше просторот околу Автобуската станица, до х. Вила Зора. Целта на сите организирани настани во склоп на Европската недела е да ја поттикне свеста за одржлив транспорт, заштита на животната средина и активно граѓанство. Младата генерација е најголемата надеж за изградба на почиста и поздрава животна средина.
