По повод раѓањето на Гоце Делчев – 4 февруари, од страна на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ беше распишан награден литературен конкурс за поетска или прозна творба на тема: „Моќта на книгата“.
Ученикот Александар Стојанов од VII-г одделение со својата поетска творба освои трето место во категорија ученици од шесто до деветто одделение под менторство на Габриела Т.Шестакова.
Му честитаме на Александар и му посакуваме уште многу успеси во иднина.
