По повод одбележувањето на празникот „Прочка“ денес во просториите на „ДСУ РЦСОО Коле Неделковски“ во Велес, се реализираше ликовна работилница и работилница за подготовка на „баклава“ во која учествуваа учениците: Матеј Наневски IX-A, Лазар Петрушевски IX-Г и Кристина Стојанова од VIII-Б под менторство на наставникот по ликовно образование Васил Гаврилов.
Во прекрасна атмосфера на другарување, со многу позитивни емоции, сите учесници беа почестени и се засладија со традиционалниот специјалитет баклава.