МИНИСТЕРКАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА, МИЛА ЦАРОВСКА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АЦЕ КОЦЕВСКИ И ПРЕТСТАВНИЧКАТА НА УНИЦЕФ ПАТРИЦИЈА ДИ ЏОВАНИ НА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН ВО ООУ „ПАНКО БРАШНАРОВ“ ВО ВЕЛЕС

На стартот на новата учебна 2021/2022 година по пауза од една година, учениците ги наполнија училниците и училиштата. На првиот училиштен ден, во општинското основно училиште „Панко Брашнаров“, учениците и вработените ги поздрави министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот Аце Коцевски како и претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија. Патриција Ди Џовани. Тие им посакаа успешна училишна година и да останат во добро здравје.Претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ли Џовани во својот говор истакна дека е воодушевена од глетката која ја видела и дека нашето училиште ги има испочитувано сите процедури, сите протоколи од Министерството за здравство согласно меѓународните стандарди. Меѓу другото Ди Џовани истакна: „Училиштето не е само обична зграда, тоа е место каде што се случуваат пријателства кои траат цел живот“.Министерката за образование и наука Мила Царовска даде пофални зборови за нашето училиште и изрази голема благодарност до градоначалникот на Велес, Аце Коцевски и потенцираше дека е задоволна од неговата заложба и ангажираност што тој навистина покажува дека грижата за образованието е негов вистински центар на внимание.Министерката беше задоволна што наставата оваа година почна со физичко присуство, и истакна дека како министерство и како Влада се подготвени на уште две сценарија, префрлување на хибриден систем, како што беше минатата година, дел од учениците со физичко присуство, дел онлајн ја следеа наставата или целосно онлајн. Но нејзините очекувања се секој од нас кој што сме дел од овој систем да бидеме одговорни, затоа што мала неодговорност може брзо да не насочи кон промена на сценариото.Министерката и градоначалникот го посетија кабинетот по природни науки кој е целосно опремен со финансиска поддршка на министерството за образование и наука. Пред министерката за образование и наука, градоначалникот и наставниот кадар свое обраќање имаше и директорката Валентина Стефанова. Таа изрази голема благодарност до Министерството за образование и наука кое што ја препозна потребата од современи метод за изведување на наставата по природни науки и ни овозможи целосно реконструирање и опремување на кабинетот по хемија. Потенцираше дека нашето училиште е целосно подготвено за настава со физичко присуство со сите потребни материјали и ресурси согласно протоколите. Директорката додаде дека годинава, учениците од прво и четврто одделение ќе учат по новиот концепт на министерството, од новите дигитални учебници кои се дел од реформските процеси во образованието

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *