РАБОТНИ АКТИВНОСТИ ВО ООУ „ПАНКО БРАШАНАРОВ“ – ВЕЛЕС

РАБОТНИ АКТИВНОСТИ ВО ООУ „ПАНКО БРАШАНАРОВ“ – ВЕЛЕС

Училиштето е втор дом за децата и луѓето кои работат таму и затоа треба да се направи да биде што е можно поудобно и позабавно место.Треба да се пронајдат идеи или барем нешто да се поправи со што училиштето би станало посебно место кое ќе ја поттикнува креативноста, ќе го олеснува животот на учениците и ќе го прави процесот на учење позабавен.Па така со завршувањето на учебната година се започна со работни активности во нашето училиште. Техничкиот персонал од нашето училиште неуморно, вредно и посветено работеше во текот на летниот период, со цел навремено и ефикасно да се реализираат зацртаните планови. Со цел да се создаде подобар и попријатен амбиент и простор за учење на учениците, а исто така и за работа на наставниот кадар, најпрво се започна со бојадисување и молерисување на училниците, кабинетите и училишниот хол, а исто така се изврши фарбање на внатрешната ограда. На тој начин се смени и освежи ликот на училишните простории и тие станаа пријатно катче за учење и престој.Комплетно ќе биде реновиран кабинетот по хемија, и истиот ќе биде опремен со нов ентериер, кој ќе биде во функција и согласност со наставата. За добивање на поквалитетен образовен процес, зголемување на интересот за нови знаења, и зголемување на концентрацијата кај учениците се поставени и 4 смарт табли т.е. интерактивни табли во четврто одделение, а исто така ќе се спроведе проектот „ Таблет за секое дете“, т.е. на учениците од четврто одделение ќе им биде доделен таблет. Техничкиот пресонал изврши и комплетно чистење и дезинфекција на просториите и подните површини. И со тоа нашето училиште се подготвува за почетокот на новата учебна година, и би функионирало согласно препораките и протоколите за работа препорачани од министерството за здравство и министерството за образование и наука. „Преку игра полесно се учи“. Во склоп на оваа парола ликовниот педагог од нашето училиште на креативен начин преку игра и цртеж во разни бои, настојува да го доближи, олесни и да го направи забавен процесот на учење на броевите, и со тоа се придонесува за одмор и релаксација на децата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *