Натпреварите организирани од Сојузот на Народна техника

Натпреварите организирани од Сојузот на Народна техника оваа година се реализираа на два начина: онлајн и во физичко присуство.На Државниот онлајн натпревар во областа применета математика се натпреваруваше ученичката Ангела Колодезни од 6 одд. освои ВТОРА награда- ментор Сениха Брзева.На регионалниот онлајн натпревар во областа применета биологија ученичката Сара Јовчевска од 9 одд. освои ВТОРА награда, а во областа екологија освои ПРВА награда и се пласираше на државниот онлајн натпревар, ментор Љубинка Чанева.На 29 мај година се одржа Државниот натпревар на клубовите на млади техничари и природници во физичко присуство во ООУ “Васил Главинов”. Ученикот Дејвит Угриновски од 8 одд. се натпреваруваше во област Ваздухопловно моделарство освои ТРЕТА награда, ученикотДаниел Скубаров 8 одд. во област Електроника освои ТРЕТА награда, ученикот Марко Варналиев од 7одд. во област Сообраќајно моделарство доби благодарница за учество, ментор наставничката по техничко образование Светлана Јакимовска.Во област автоматика ученикот Иван Тодоров од 9одд. освои ПРВА награда -ментор Оливера Танеска.Честитки за сите ученици и наставници и уште поголеми успеси понатаму!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *