ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ДОДЕЛИ 35 ТАБЛЕТИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД РОМСКА ЕТНИЧКА ЗАЕДНИЦА НА ООУ „ПАНКО БРАШНАРОВ“

Општина Велес му предаде 35 таблети на Општинското основно училиште „Панко Брашнаров“ кои се дел од Програмата Ромактед. Таблетите се набавени преку проектот „Реконструкција на тоалетите во соблекувалните на ООУ „Панко Брашнаров“. Учеството на Општина Велес за компјутерската опрема изнесува 33.985,,00 денари.

Таблетите се наменети за потребите на учениците од ромска етничка припадност кои учат во училиштето и истите им се дадени на трајно користење.

На примопредавањето на таблетите присуствуваа Градоначалникот Аце Коцевски и директорот  на ООУ „Панко Брашнаров“, Трајче Малинов. Градоначалникот Коцевски им посака успех во учењето на децата што ќе ги добијат таблетите.

Инаку, Општина Велес, минатата година обезбеди 260 таблети и им ги предаде на основните и средните училишта во градот. Тие беа наменети за ученици од семејства во тешка социјална ситуација кои не беа во можност да ги набават.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *